Вељко објави фотографија од малиот Исаија – ОВА Е ЗНАЧЕЊЕТО на името на внукот на Цеца (фото)
Синот на Цеца покажа што прави неговиот наследник со име од Стариот Завет

Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, боксерот Вељко Ражнатовиќ, по трет пат се оствари во улога на родител.
Тој и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ добија син, Исаија, така што сега Жељко и Крстан ќе имаат уште едно братче.
Неговата сопруга се породи во една приватна клиника во Белград, а Вељко цело време беше покрај својата сакана.
Фото: Инстаграм
Тој сега сподели и една фотографија што ја направи додека беше на посета кај сопругата и бебето во болницата, покажувајќи го неговиот наследник Исаија како спие замотан во ќебенце.
Фото: Инстаграм
Од друга страна фотографија со Вељко како го држи бебето во рацете претходно објавија Цеца и Анастасија, неговата сестра.
Фото: Инстаграм
Инаку, претходно се зборуваше дека Богдана и Вељко на нивниот син ќе му го дадат името Илијан, но очигледно се премислиле во последен момент. Нивниот наследник го доби името Исаија, кое е старо библиско име (Јешајаху) со значење „Бог е спас“, „Божја помош“, „Спасение од Господа“.
Фото: Инстаграм
Исаија бил старозаветен пророк од царски род. Христијаните веруваат дека овој пророк правел чуда и дека заради неговата молитва потекла вода под Сионската Гора кога Ерусалим бил под опсада.
Фото: Инстаграм
Тој живеел и правел чуда околу седумстотини години пред Христос, а негови најважни пророштва се за раѓањето на Бог, за безгрешното зачнување на Пресветата Богородица…