ВЕЧЕРТА ПРЕД СВЕТА ПЕТКА НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРЕКРШИТЕ ЕДНО ПРАВИЛО! Обичајот е СТРОГ и мора да го ПОЧИТУВАТЕ

Во петок е голем православен празник, се слави Св. Петка, кај народот познат како Петковден.
Преподобна мајка и чудотворка Параскева
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…
Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност.

Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27/14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот.
Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.
Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули/8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога.

Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел.
Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите и биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Втората е светата маченица Параскева од Иконија, Мала Азија, којашто маченички загинала за време на Диоклецијан. И таа била единствено дете на своите родители поради што со големо внимание и љубов била воспитувана во христијанската вера.
Параскева била уште малечка кога починале нејзините родители, а таа нивниот имот го користела за помагање на сиромашните, болните, странците и сл. При големите прогони на христијаните што се случиле во времето на Диоклецијан настрадала и таа.
Била фатена во 303 година и била предадена на судијата. Тој пак, изненаден од нејзината убавина, и понудил да стане негова невеста и – ветувал богат и раскошен живот. Таа го одбила сето тоа изјавувајќи дека сака да остане верна на својот Бог, Исус Христос.

Поради тоа била мачена, била ставена во оган но останала недопрена од пламените јазици кои ги зафатиле оние што го потсилувале огнот. Гледајќи го тоа судијата наредил да и ја пресечат главата.
Следниот ден и судијата загинал што било толкувано како Божја казна за погубувањето на Параскева. Нејзините останки христијаните ги погребале во нејзиниот дом, а над гробот подоцна се случувале разни чуда, пред сè, оздравување на болни од секакви болести. Нејзиниот спомен се слави на 10 ноември/28 октомври.
Најпозната е Параскева-Петка позната како Св. Петка Епиватска или Трновска. Нејзиното житие вели дека е родена во Епиват, во Тракија, меѓу Силиврија и Цариград, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на Х век. Родителите и биле побожни, а така ги воспитувале и своите деца.

Имала брат по име Ефтимие кој подоцна станал епископ Мадитски. И Параскева уште од млади години покажувала интерес за монашкиот живот.
Народот во некои случаи не ги разликува трите Параскеви – Петки туку најчесто ги идентификува со една Петка најчесто со света Петка Трновска но ликот на овие светици го почитува и празнува достоинствено со домашни служби и со големи собири и панаѓури,
Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас.

По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата:
„Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“
Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.

Интересно е што ако околу вечерата запеат петли во селото, една од жените зема малку волна, ја фрла во оган и трипати вика: „Вие сте криви, не сме ние, на вас болест, на нас здравје! “




