Весна Бејби славеше роденден: Децата ѝ приредија ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ – ова ќе го памети засекогаш

Македонската актерка и водителка Весна Петрушевска, позната и по својот прекрар Бејби, својата огромна популарност ја стекна со нејзиното ток-шоу Вртелешка, кое достигна голема популарност и се емитуваше повеќе години на македонските телевизиски канали.

Весна својата кариера ја започнала кога имала само 14 години со настап на македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу „Пулсирање“.
Зад себе има многу театарски и филмски улоги, но како шлаг на тортата е нејзината улога на госпоѓа министерка во истоимената претстава, која е изведена над 150 пати.
Освен завидна кариера, Весна е грижлива мајка, која секогаш со многу љубов во очите зборува за нејзините две деца, Кирил и Мина.

Мина тргна по стапките на бејби и глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има у во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.
Нејзиниот син кој има 18 години замина во Хјустон кај својот татко Јанко Тренкоски да го продолжи своето образование.

Овој момент исклучително тешко ѝ падна на Бејби, која сите емоции ги преточи во статус на Фејсбук.
„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша Весна на својот Фејсбук профил.

Кирил е независно момче, кое не сака да се екпонира во јавоста.
На манифестацијата „Златна бубамара“ тој ја придружуваше својата мајка во публика, па таа пресреќна одлучи тој момент да го овековечи со фотографија.
„Конечно сакаше да се слика со мене, син на мајка“, напиша таа во опис на фотографијата.

На социјалните мрежи е доста активна и гласна против многу неправди.
Воедно Весна примајќи ја наградата упати апел јавно децата да не молчат за наcилството: За ова цело време зборувам,на оваа тема постојано треба да се зборува…идејата да се создаваат проекти како што е Дајте музика е само еден чекор кој го правиме заедно со Тоа го разговараме со децата на часовите и пробите во актерската школа.
Пред една недела разговарав со децата,немаше дете кое не раскажа за сопственото искуство и насилството меѓу врсниците.
Немаат идеја како да се справат.Не кажуваат оти мислат дека се виновни кога биваат навредени од соучениците.Жртвата никогаш не е виновна!Затоа сум благодарна на проектот *Дајте музика * продукција Рифенштал,авторката и сценаристот на серијалот Цаци Паковска која верува во децата кои сакаат да го сменат овој свет, напиша Бејби на својот профил.

Деновиве таа имаше голема причина за славење. Причината беше нејзиниот 51. роденден. Но не се ни надеваше надеваше дека покрај пандемијата ќе добие забава и толку многу љубов за роденденот.
„Кога моите деца од актерската школа ќе ми честитаат еден ден порано роденден и ќе ме изненадат со маичка со ликот на Мадс (башка го номинираа за Бафта и за Оскар кај и да е) значи јас имам најдобри, најумни и најталентирани деца. Ова е група ветеран. Ве сакам најпојќе и имаме неверојатно квалитетно време поминато заедно, а пред нас е премиера,“ напиша Весна на Инстаграм.


























