Весна Бејби БЕЗ ГРАМ ШМИНКА легната покрај него: „ГО САКАМ“” – тој ѝ е најголемата поддршка
Популарната македонска актерка покажа кој ѝ е најголема поддршка во тешките моменти.
Актерката Весна Бејби Петрушевска е голем љубител на животните и целиот нејзин живот дел од нејзиното семејство се и домашните миленици.
Весна е една од ретките која може да се пофали со богата актерска кариера. Уште од многу млада започнала да се занимава со јавната професија, а денес зад себе има многу успешни проекти, актерски и телевизиски.
Освен како актерка, публиката имаше можност да ја гледа и како водителка, а најпопуларен нејзин проект беше емисијата Вртелешка.
Денес е максимално посветена на својата актерска школа за деца.
Од бракот со бизнисменот Јанко, Весна има две деца, Мина и Кирил.
Активна е на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство, но и од професионалните ангажмани.
Мина тргна по нејзините стапки глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“,нои во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.
Кирил пак, се одлучи да замине од Македонија. Тој сега живее во Хјустон кај неговиот татко, каде го продолжи своето образование.
Првата разделба од него ѝ падна многу тешко на водителката, па напиша и емотивна порака.
Таа откри дека неправдата и системот во Македонија ја зголемиле желбата на Кирил да замине.
Својата празнина дел ја надополнува и со своите миленичиња.
Весна не ја крие својата љубов кон животните и секогаш е дел и од хуманите иницијативи за помош на незгрижените животни.
Таа важи за жена која се грижи за својот физички изглед и секогаш е средена од глава до пети.
Без оглед дали е спортски или елегантно облечена, таа одлично се носи со своите години.
Активна е на социјалните мрежи каде често споделува фотографии и од приватниот живот, а сега ги изненади сите со најновата фотографија.
Јавноста најмногу ја интересира приватниот живот на актерката, односно дали можеби е вљубена и во кого.
Таа одлучи да открие на кој му припаѓа нејзиното срце и кој ѝ е најголема поддршка.
На стори на Инстаграм објави фотографии од својот нов миленик, кучето Арон.
Иако отсекогаш чувала мала раса на кучиња, овој пат се одлучи за куче од расата Кане корсо.
Според она што го пишува на фотографијата, Арон ѝ е најголема поддршка и не се двои од неа додека е болна.
„Го сакам. Мора да постојат светла кои светат посветло некаде”, напиша Весна.
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска
ФОТО: Инстаграм/ Весна Петрушевска