Верувале или не: Цеца ПОДИГНАЛА кредит за вилата на море

И таа како обичните луѓе!

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ често оди во својата луксузна вила за да ги наполни батериите.
Пејачката поседува куќа покрај море која ја купила на кредит.

– Сакав нешто егзотично, убаво и да биде на самиот брег.Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа вила и јас знаев дека тоа е тоа.
Веднаш подигнав кредит. Да, куќата ја купив на кредит и секој месец отплаќам рата, изјавила Цеца во една прилика во емсиијата во „Амиџиќ Шоу“.

Во емсиијата Цеца открива и колку недвижности поседува.
Имено, пејачката зборуваше а домашниот притвор во кој помина година дена, и дека на државата и исплатила 1,5 милиони евра.

Цеца истакна дека таа и нејзината сестра ја признале вината бидејќи морале да го одберат помалото зло од двете, зошто како и да е тие ќе биле виновни.
– Реков дека многу милиони проневерив со мојата сестра, а таа нема ништо. И јас која работам 33 години, плаќам сериозен данок на државата, а немам ниту пет неддвижности.

Не велам дека сум сиромашна, не немам не знам колку. Јас сум секогаш прва на удар кога и да проверуваше даночната инспекција, изјави Цеца Ражњатовиќ.
– Секогаш се чешла моето потекло, моите концерти… но јас не се плашам немам што да кријам.

Српската мајка како што пишува еден српски медиум, рекла дека најголемиот дел од богатството го наследила од сопругот, како и дека редовно ги подмирува долговите и нема причина за страв.
– Ме прашаа за она најелементарното во врска со работата, беа љубезни и пријатни. Разговаравме за моите настапи, плаќањето данок и им кажав дека си ги подмирувам своите обврски.

Ги интересираше како функционира мојата работа, а настапите не можат да се скријат, тие се јавни и пријавени.
Немам никакви проблеми, бидејќи сѐ работам според закон, рекла пејачката која дошла со адвокат, бидејќи како што вели, не се разбира во правни работи.“

Поголемиот дел од имотот (куќа, недвижнини на море и простор за музичко студио), како што рекла ги наследила од сопругот.
Преку своите фирми земала и кредит. Даночен обврзник е и во Кипар, каде што плаќа данок на имот.
ФОТО: Светлана Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм