Реклама
Вирално

Верувале или не, но во 2020 ќе имаме 40 дена одмор повеќе – празниците се наместија покрај викендите, еве како да ги искористиме

Реклама

Полека се ближи крајот на оваа година, а пред нас е уште еден неработен ден кога ќе имаме споен викенд.

Имено, следниот понеделник, односно на 08 декември е државниот празник Свети Климент, така што понеделник е неработен ден, па тоа ќе биде последниот споен слободен викенд што ќе го имаме за оваа година.

Маркетинг

Но следната година, поради убавиот распоред на празничните денови и можноста да ги споиме, сите работници имаат можност да имаат дополнителни 40 дена одмор. И тоа само благодарение на спојување на празникот и одвојување на неколку дена од вашиот годишен одмор

Поточно треба да искористите само пет дена од редовниот годишен одмор и да добиете убав дополнителен одмор од дури 40 дена распоредени низ целата година.

Маркетинг

Еве како да го направите тоа

Веќе на самиот почеток од следната, односно првата недела по Нова година, понеделник и вторник се неработни (на 6 јануари е Бадник, а на 7 се паѓа Божиќ), а бидејќи Нова година се паѓа во среда, сите оние на кои им е згодно можат да отворат еден мал мини одмор од СЕДУМ дена.

Тоа ќе го направат така што ќе земат два дена од својот редовен одмор и средата која што е неработна затоа што е Нова година ќе ја спојат со викендот и празниците.

Потоа следуваат Велигденските празници каде повторно ќе имаме супер продолжени викенд бидејќи неработен е Петокот пред Велигден (17 април) како и понеделник 20 април, Вториот ден по Велигден, што значи 4 слободни денови.

На Денот на трудот следува уште еден продолжен викенд. Имено 1 мај се паѓа во петок така што повторно добиваме споен викенд кој доколку времето биде убаво можеме да го искористиме како за патување или излети, така и за реновирање на станот.

И доколку искористите еден ден од одморот, односно ако вашите работодавачи „ви прогледаат низ прсти“ и ви дозволат, во тој случај можете да скокнете и да направите добар одмор и да ги искористите попустите што туристичките агенции ги нудат во овој период од годината. И ако ангажманите ги направите неколку месеци претходно, поприлично евтино ќе си поминете и спремни ќе го дочекате летото.

Но ова можете да го направите и при крајот на Мај, кога повторно не чека продолжен викенд. Имено, 24 мај е Свети Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам, па така иако празниците се паѓаат во недела, понеделникот по празниците е неработен за сите граѓани на Македонија. Што значи повторно имаме продолжен викенд кој доколку го комбинирате со неработни денovi можете да добиете супер мини одмор.

Потоа за граѓаните од православна вероисповед 5 јуни е неработен бидејќи е Петок пред Духовден, што значи повторно продолжен викенд.

По ова следува 2 август, Денот на Републиката, односно 3 август кој се паѓа во понеделник и е неработен ден.

Кон крајот на август повторно следува продолжен викенд. Имено, празникот Успение на пресветата богородица (Голема Богородица) се паѓа на 28 август, во петок, што значи имаме повторно три слободни денови.

Потоа следува 8 септември, Денот на независноста, кој се паѓа во вторник, но доколку претходно не сте искористиле денови од одморот, ова ви е одлична прилика да добиете мини одмор во овој период од годината кој важи за еден од најдобрите за полнење батерии покрај езеро или море.

И верувале или не, ова не се единствените продолжени викенди што не очекуваат следната година. Веќе во октомври имаме уште два мини одмора кои исто така можеме да ги искористиме паметно. Имено, државниот празник Денот на народното востание 11 октомври се паѓа во недела, така што понеделник е неработен, како и 23 октомври, петок, кога е Денот на македонската револуционерна борба.

И последниот неработен ден за следната година е 8 декември, вторник, кога се паѓа Свети Климент Охридски. Но доколку претходно не сте биле во можност да искористите некој од празниците за да ги споите со викенд, ова ви е уште една можност да побарате слободен ден и да добиете четири дена кои можете паметно да ги искористите.

Сепак најдобро е кога неработните, а платени државни празници се паѓаат во петок или понеделник бидејќи тогаш можеме да ги споиме со викенд. А како што веќе видовме следната година имаме дури ДЕСЕТ можност да имаме мини тридневни, па дури и повеќедневни одмори.

Затоа искористете ги паметно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button