Верниците утре му се молат на Светецот кој штити од тешки болести! Ова морате да го направите, а еве што не смеете
Утре е 27 септември (по стар стил) и се слави Светиот маченик Калистрат.
Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани.
Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Понтиј Пилат во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите.
Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така, со текот на времето, светиот Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него.
Некои од неговите другари го видоа свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Калистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето.
Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Калистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот, свети Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив.
Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија свети Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква.
Легендата вели дека во тој момент тој регион го погодил голем земјотрес, кој довел до масовно напуштање на паганизмот и примање на христијанската вера.
Свети Калистрат бил фатен и настрадал во 304. година во Византија заедно со споменатитее 49 војници.
Во христијанските цркви на сите им се оддава почит како маченици настрадани поради вербата во Исус.
Свети Калистрат е земен како слава во многу малку семејства, а оние кои сепак го имаат како куќна слава се смета дека тоа го направиле како благодарност за избавување од несреќа или тешка болест, бидејќи бројни верници сведочат за чудата кои им се случувале по молитвата која ќе му ја упатиле на овој светец.
Затоа утре Христијаните треба да отидат во црква и да му се помолат на свети Калистрат за здравје и долг живот.
Утре избегнувајте кавги и конфликти, бидете мирољубиви и благодарни на она што го имате.