Ако наидете на Рак пријател потрудете се да не ги повредите.
Тие не се одмаздољубиви, туку се од оние луѓе кои тивко ќе патат. ко се двоумите и не можете да донесете важна одлука, прашајте ги Раковите за совет и ќе добиете вистински совет, директно од срцето на овие грижливи личности. Нивната цел е сите луѓе да се чувствуваат добро кога се во нивна близина.
Раковите не се плашат од предизвици. Свесни се дека им е потребна борбеност и одлучност за да постигнат свои цели и нема да престанат додека не го завршат она што го почнале. Од друга страна, толку многу може да се фокусираат на тоа, што често ги занемаруваат другите односи во животот.
Ако се вљубите во рак тие навистина ќе се грижат. Се грижат како сте, како се чувстувате, како можат да ви помогнат. Навистина се претпазливи да не ве повредат или да не кажат нешто погрешно. Ако ве сакаат, највеќе од сѐ ќе сакаат вие да сте среќни.