Верен на својата професија 50 години: Овој 72 годишен пензионер не се откажува од работата- „Да се родам пак, пак би работел на истата работа“
Сите му се восхитуваат...
72- годишниот Душко Вржиќ неуморно работи во ресторан во Опатија и покрај тоа што се пензионираше пред четири години.
– Моја работа е да го носам багажот до портирница, да го поздравувам гостинот, да го придружувам до рецепција, да им помагам да се сместат – опишува Душко.
фото пекселс
– Да се родам пак, повторно би работел во Опатија. Постојано велат дека луѓето се клучот за успехот во туризмот и хотелиерството, па сакам да бидам тој мал клуч во тој развој, во целиот процес – вели Душко, кој за пет децении работа се спријатели со многу гости.
Тој зборува четири јазици. Почнал да работи во 1974 година. Поминал низ три хотели, а во еден останал до пензија.
фото пекселс
– Гостинот мора да се чувствува како крал во нашиот хотел, ништо да не му недостасува, да се чувствува како дома – забележува Душко.
Душко е дури 50 години постар од неговата колешка Марина Светлец, но во душата, како што вели, чувствува дека е млад.
фото пекселс
– Тој е душата на овој хотел бидејќи гостите се враќаат од година во година и прашуваат за него и велат дека го резервирале овој хотел знаејќи дека Душко ќе биде таму – вели колешката на Душко.
Неговиот шеф Лука Осојнак тврди дека Душко ја работи оваа работа со љубов и тоа е нешто што денес е многу ретко.
фото пекселс
– Секој гостин му е еднаков, без разлика дали е претседател на државата или педесетгодишен маж од Австрија – додава тој.
Низ неговиот живот поминале илјадници туристи, исто толку куфери низ неговите раце.