Венеција изгледа волшебно без туристи – тиркизна вода во која пливаат рибички и лебеди
Мештаните велат дека толку риби во каналот речиси било невозможно да се видат пред да се случи блокадата.
Поради епидемијата од новиот вирус социјалниот живот во Италија веќе со недели не постои. Не работат продавниците, освен оние за снабдување со основни намирници, а затворени се и баровите и рестораните.
Бројот на туристи драстично е намален, а улиците во Фиренца, Рим и Венеција речиси се пусти. Никаде жива душа…
Но градот кој се наоѓа на вода ја покажа и својата позитивна страна – на Фејсбук страната Венециа Пулита (Чиста Венеција) граѓаните објавуваат импресивни фотографии од чистите канали. Низ кристално чистата вода се гледаат рибите кои пливаат на дното од морето, а порталот „Vai Elettrico“ пишува дека природата закрепнува од масовниот туризам и загадувањето.
„Конечно има и повеќе птици“, пишува еден корисник на социјалните мрежи.
Белите лебеди исто така пливаат низ каналите во градот во кој обично пренатрупаните улици и плоштади сега се празни.
Мештаните велат дека толку риби во каналот речиси било невозможно да се видат пред да се случи блокадата.
Жителот на Венеција, Марко Каповила, (40) додека ги снимаше рибичките во каналот вели дека досега никогаш не ја видел водата да биде олку бистра.
Нашиот град за жал нема канализација, така што сé оди во каналите, вклучувајќи ги и прашоците и козметиката. Благодарение на карантинот, имаме многу почесто опкружување, вели тој.
Here’s an unexpected side effect of the pandemic – the water’s flowing through the canals of Venice is clear for the first time in forever. The fish are visible, the swans returned. pic.twitter.com/2egMGhJs7f
— Kaveri ?? (@ikaveri) March 16, 2020
„Се надевам дека нешто ќе научиме од овие трагични времиња, кога сето ова ќе заврши, а тоа е дека на Венеција треба баланс измеѓу бројните туристи и чистотијата“, истакна Мартина Бетони (33).
Levels of nitrogen dioxide pollution fell drastically in parts of Italy — a direct result of the country closing due to #COVID19 . Venetians say the water hasn’t been this clear in 60 years. Air quality and pollution continues to clear. Some refreshing positive news for your TL? pic.twitter.com/PxOAFV8ajd
— 바 네 사 ? (@finessabae) March 17, 2020
Во Италија исто така се намали и загаденоста на воздухот откако беа воведени драстичните мерки за да го сопрат ширењето на корона вирусот.