Венера и нејзината едногодишна ќерка Нина немаат каде да живеат откако изгоре нивниот стан …
Откако нивниот стан во Ѓорче Петров беше опожарен Венера и нејзината ќерка немаат каде да живеат. Таа не работи, ниту пак има пари да го реновира домот. Нивниот стан изгоре на 7 јануари кога почина и нејзината мајка која за жал не успеа да се спаси од гушењето и изгорениците по нејзиното тело. Таа пред камерите вели дека нејзе и на нејзината ќерка не им требаат многу, туку само место каде би можеле да преспијат на ова студено време и нешто за јадење. Тие во моментот се сместени кај роднини, а вербата во институциите полека ја губат. Токму и затоа се јавила во Канал 5 телевизија барајќи било каква помош, која за нив ќе значи многу.
Сите добронамерни луѓе што сакаат да помогнат повеќе информации нека побараат на Фејсбук страната на Канал 5.