Реклама
Вирално

Велигден ќе славиме во карантин, еве од кога официјално започнува полицискиот час

Реклама

На денешната владина седница e донесeнa одлука за ограничувањата на движењето за период којшто ни претстои, вклучително и велигденските празници.

За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот, се забранува движењето за сите граѓани.Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Маркетинг

Дополнително, од четврток (16 април) 16 часот, до вторник (21 април) 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.

За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.

Маркетинг

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.

Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Веднаш после Велигден, ќе имаме уште еден термини со висок ризик, проценуваат експертите. Во прашање е Денот на трудот, 1-ви Мај, па така додека граѓаните очекуваат постепено намалување на мерките по православниот Велигден, нема да се изненадиме ако власта веќе размислува и се дискутира за опцијата за продолжен полициски час и за петок и сабота, за 1 и 2 мај. Имено, тие веќе во неколку наврати напоменаа дека се очекува пикот да биде при крајот на овој месец, па од тие причини и викендот што следува по велигденските празници е со висок ризик заради обичаите како што се протести, собирање на отворено, скара и слично.

Препораката на експертите е да не се брза со укинување на мерките, туку да почнат да се намалуваат постепено. А потоа, кога тоа ќе го овозможи епидемиолошката слика, полека да почне животот да се враќа во нормала – ни вели наш извор и додава дека ситуацијата може да се смени во еден ден и мерките да бидат прилагоди на тоа.
Постепеното ублажување на мерките би значело дека тие се придвижуваат кон оние што биле на почетокот на епидемијата.

Тоа значи дека полицискиот час повторно ќе биде од девет навечер, наместо од четири, полека ќе започнат со работа ресторани на отворено, т.е. бавчите, со ограничен број на луѓе и пропишано растојание.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button