Велешанец си ја бара ќерката – заминала во непозната насока заедно со нејзиното двегодишно девојче
Марјанчо Малинов од Велес вчера пријавил во полиција дека неговата 23-годишна ќерка Теодора се оддалечила од домот во непознат правец, заедно со нејзината двегодишна ќерка, објави „Фокус“.
„Загрижен сум затоа што не знам каде се, со неа е внуката која има само две години. Теодора е среде бракоразводна постапка, сопругот и е во притвор и таа две години живееше со нас, има кат во куќата за неа и за внуката“, вели Марјанчо Малинов за „Фокус“.
„Дента кога таа замина, имавме расправија дома, и знам дека заминала во полиција. Ѝ било кажано дека со неа ќе разговара социјален работник, но мислам дека се исплашила да не ѝ го земат детето и затоа заминала. Потоа дознавме дека отишла на автобуската станица, и со автобус заминала во Струмица. Ние во Струмица никого не познаваме, ниту пак имаме пријатели кај кои би можела да оди. Замолувам ако некој ја видел, веднаш да ме побара на телефон“, вели таткото на Теодора.
Од неделата попладне, 15 септември, 23 годишната Теодора Малинова од Велес заминала од нејзиниот дом, заедно со две годишната ќерка.
Тие последен пат се видени на Автобуската станица во Велес а потоа како пристигнуваат вечерта на автобуска станица Струмица, по што им се губи трагата. Семејството моли за помош, информации од лица кои ја виделе, знаат за неа, да се јават на телефонот 078 409 579.