Рејчал Канапер од Велика Британија речиси остана без горната усна по нејзиното зголемувањето.
Таа заедно со своите пријателки беше на „ботокс парти” каде што си ствила филери во усните, а кога се разбудила утрото сфатила дека нејзините усни биле четирипати поголеми отколку во нормална состојба.
Потоа, таа се упатила кон болницата, а медицинскиот персонал кој ја пречекал и се потсмевал.
https://www.youtube.com/watch?v=wWhZM97uSFU
„Никогаш порано не сум видел такво нешто. Се појавив во итната служба со големата уста на мене. Им реков дека имав алергиска реакција, бидејќи мислев дека тоа е во прашање, но тројца лекари ми кажаа дека ова се случило затоа што филерите биле инјектирани во артеријата. Сè беше во ред кога отидов во кревет, но кога се разбудив, моите усни беа четирипати поголеми од нормалното и ми го допираа носот. Чувствував неверојатен притисок и вознемиреност во моите усни”, рече таа за „The Sun“.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156992927487848&set=a.93469247847&type=3
За среќа, целата ситуација завршила добро. По 72 часа филерите на усните се распаднаа и се вратија во нормална големина. Сега таа се залага за построги прописи и ги информира другите за опасностите од полнењето на усните со пораката „Заштита пред да инјектирате”.