Реклама
Вирално

Вања исчезна во понеделникот, полицијата го објасни и мистериозниот детаљ во врска со целиот случај

Полицијата шест дена трага по исчезнатото девојче

Реклама

Министерот Оливер Спасовски денес сподели нови информации во врска со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје која исчезна во понеделникот, на 27 ноември, на патот кон училиштето.

Министерот соопшти дека се приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на Вања, но повеќе детали во врска со истрагата за сега не сакаше да открива.

Потсетуваме, Вања Ѓорчевска (14) исчезна во еден од најпрометните делови во центарот на Скопје. Таа ви понеделникот тргна од својот дом кон училиштето во 7.20 часот наутро, но до својот класи не стигна.

Маркетинг

Како што пренесоа медиумите уште првиот ден од исчезнувањето, Вања веќе во 7.35 не била достапна, а нејзината мајка тогаш за медиумите соопшти дека се сомнева дека е киднапирана, бидејќи не можеше да пронајде ниту еден друг логичен одговор зошто се нема јавено никому, а тоа не било карактеристично за неа.

Маркетинг
Фото: МВР

Како што самата откри, нејзината ќерка е мирна девојка, а таа и таткото на Вања, Александар, немаат проблем со никого.

Но она што остана нејасно беше зошто исчезнувањето на Вања е пријавено два пати и тоа во различно време.

Имено по изјава од министерот Оливер Спасовски пред медиумите се дозна дека исчезнувањето го пријавил таткото на Вања, Александар, додека претходно беше објавено дека тоа го направила мајката, околу 8.35 часот, веднаш откако се слушнала нејзината класна која што известила дека Вања не дошла на час, по што мајката не можела да ја добие.

Она што остана мистериозно беше фактот дека таткото на Вања исчезнувањето го пријавил два часа подоцна, објави Фокус.

Но од МВР појаснуваат дека најпрво мајката го пријавила исчезнувањето на бројот 112. Пријавата потоа била проследена до надлежните институции, а по неколку часа, односно во 11 часот истиот ден, тоа во полициската станица го направил и таткото на Вања.

Фото: МВР

Од МВР исто така апелираат да не се шират дезинформации и претпоставки во врска со целиот случат.

Министерот претходно за медиумите изјави дека се прегледани повеќе од 50 камери, сите подруми, коритото на реката Вардар, како и дека се земени сите електронски уреди, но и дека имаат некои информации од нив. Тој додаде дека е формиран специјален тим кој активно работи скоро 24 часови на ден, а додаде и дека се проверени и сите манастири во нашата земја. Министерот Спасовски исто така им се заблагодари на медиумите во борбата против лажните вести и апелираше до сите да не се шират паника и шпекулации. Тој исто така изјави и дека сите профили што шират лажни вести веќе се детектирани, а дел од нив и се повикани во полицијата, каде што ќе се утврди дали ја загрозуваат истрагата и ќе бидат предадени на обвинителството.

Фото: МВР

Потсетуваме, Вања Ѓорчевска има 14 години и исчезна на 27 ноември во раните утрински часови на патот кон нејзиното училиште.

Вања е висока 175цм, тешка околу 58 кг , со кафена коса и кафени очи, бемка на десната страна од лицето, носела протези на забите. На себе носи црни пантолони со странични џебови, син дуксер, кратка црна зимска јакна, бели патики најк со кафене линија и со себе носела и училишен ранец и мобилен телефон ајфон.

За секоја информација за која сметате дека може да биде корисна во потрагата по Вања, пријавете на 112.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button