Реклама
Наши ѕвезди

Ваква ја немате видено досега – Маријана Новачевска ги изненади сите со видеото што го објави на Фејсбук

Пејачката се спореди со Ајфон 6-ка?!

Реклама

Некогашната македонска пејачка Маријана Новачевска сними видео на Фејсбук со кое ги насмеа своите фанови.

Маријана е поприлично активна на социјалните мрежи во последно време, а сега реши да сними едно кратко видео, со една необична приказна со која ги развесели своите бројни обожаватели, кои се навикнати секојдневно да следат по некоја нејзина објава или случување од нејзиниот живот.

Пејачката овој пат сподели видео, снимено во домашна атмосфера, со кое искажа интересен став поврзан со нејзините години.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Она штоне можеше да помине незабележано беше и тоа што таа немаше ни грам шминка на лицето, но изгледаше убаво.

Маркетинг

Јас имам 59 години. Не сум толку стара, ама не сум ни млада. Како се чувствувам денеска? Се чувствувам како Ајфон 6-ка, Има ајфони 10, 11, 12, 13, 14, 15, веќе не ги ни бројам. Е сега можете да замислите – овие млади, со новите ајфони, полни со енергија, батериите полни до даска, три саат сабајле, џускаат, се радуваат, ‘уште сакаме’, а јас со ајфон 6-ка, десет, десет и триесет навечер, батеријата полна 1 отсто и оди удолу.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Па си велам, оти си легни си, наспиј се убаво, наполни си ги батериите, изврескај се утре сабајле додека се уште имаш батерии, денот пак ќе си врви, вака и така, вели Маријана во своето видео.

Потсетуваме, Маријана која се прослави со музичкиот дует во кој настапуваше заедно со својата сестра близначка Росана, како Маријана и Росана, веќе долги години живее во далечната Австралија.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Пејачката таму естрадата ја замени со стоматолошка ординација, но од пеењето не се откажа, па покрај тоа што пее за своја душа, одвреме-навреме знае да го фати микрофонот на некоја забава и да се потсети на старите добри времиња кога со својата сестра близначка беа едни од најпознатите пејачки во нашата земја.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

На социјалните мрежи денес често објавува фотографии и снимки, и секогаш во свој духовит стил, на овој начин да комуницира со фановите, но и со пријателите и роднините преку барата.

Па така во една пригода објави фотографија на која се гледа како нејзината внука ја изналепила со куп лепенки.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

„Само да ви кажам, кај мене гостуваше внуката Ева и ја украси нане, затоа што елката ја раскитивме, а дете си сака да си игра“ – напиша Маријана со што и тогаш предизвика голем број лајкови и позитивни коментари и реакции од нејзините следбеници.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button