ВАКВА досега ЈА НЕМАМЕ ВИДЕНО: Татјана Стојановска со нов имиџ – ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ
Македонската Моника Белучи изненади со нова фотографија на Инстаграм, на која позиа во едно поинакво издание.
Татајана Стојановска важи за една од најубавите жени на македонската јавна сцена.
Иако ја гази петтата деценија од животот, Тања изгледа поубаво од било кога.
Вестите претставуваат вистинско уживање кога таа ги презетира. Она што мора да се забележи е тоа дека времето како да запрело за неа. Годините се само бројка.
Својата кариера ја започна во далечната 1992 година кога победи и ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија.
Од почетокот на кариерата, па се досега, Татјана се има многу малку променето.
Иста е како некогаш.
Единствено што се менува на неа е должината на косата.
Ретко експериментира со изгледот, а можеби и тоа е тајната со години да ја носи титулата најубава жена на македонската сцена.
Во 1999 година дипломирала на Економскиот факултет на УКИМ, а бидејќи нејзиниот син тогаш се уште бил мал, не планирала да продолжи на постдипломски студии. Тоа го направила речиси 15 години подоцна, односно поточно во 2013, кога магистрирала човечки ресурси.
Неколку години беше во брак со фолк-пејачот Благоја Груевски со кој го имаат синот Матеј.
И покрај разводот пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг.
После Благоја никогаш повеќе не се омажи, но долги години е во врска со својот партнер Михаил Китановски.
Иако ретко зборува за приватниот живот, таа знае да сподели фотографии на социјалните мрежи заедно со својот сакан и најблиските.
Михаил и Тања обожаваат да патуваат и важат за големи авантуристи.
Како што самата вели во ова свое интервју, со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред се љубовта.
На својот Инстаграм профил Тања сподели фотографија во едно поинакво модно издание, но и без грам шминка.
Дека водителката е задоволна од својот изгледа покажува тоа што воопшто нема проблем во јавност да се појави ненашминкана.
Навикати да ја гледаме секогаш во сериозни изданија, ова беше вистинско изненадување за публиката.
Облечена во тесни виолетови хеланки Тања ги истакна долгите манекенски нозе.
Целата шик приказна ја надополни со крзнената бунда.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Татјана Стојановска