Вака се живее – Тања Кочовска со овој потег ги воодушеви фановите
Македонската актерка уште еднаш покажа зошто е царица.
Тања Кочовска со овој потег ја воодушеви публиката.
Само на нејзе може да ѝ текнат вакви луди идеи.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Тања Кочовска со децении е дел од актерската сцена во Македонија.
Со нејзиниот лик и улоги пораснаа многу генерации.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Од 1991 г. работи во Драмски театар – Скопје, во 1993 г. преминиува во Театар за деца и младинци – Скопје, а потоа во 2017 г. преминува во Македонски народен театар – Скопје.
Досега била дел од многу детски емисии и претстави.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Отсекогаш била темпераментна, но исклучително професионална и посветена.
Тања скоро 3 децении е во брак со актерот Предраг Павловски.
Тие се вистински пример дека љубовта може да трае и да се одржува и после долги години зедно, но и покрај тоа што со партнерот имате иста професија.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
На нивните социјални мрежи ќе видите фотографии кои освен што ќе ве насмеат, ќе ви ја доловат атмосферата во нивниот дом, каде секогаш е динамично и весело.
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има синот Александар, а плод на љубовта меѓу неа и Предраг е ќерката Нела.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
На својот Фејбук профил актерката сподели видео направено за време на нејзиниот одмор во Хрватска, каде претпочита да оди секоја година.
Секогаш се досетува да направи нешто лудо, но овој пат фановите беа изненадени од салтото кое го направи после скокот од карпа во море.
„Царица“, „Во твој стил“, „Една и единствена“, „Браво“ се само дел од коментрите под видеото.