Вирусот корона првенствено влијае на белите дробови, поради што д-р Евдокимеко советува зајакнување на имунитетот и зајакнување на белите дробови.
Овој лекар верува дека животинската маст е од суштинско значење за белите дробови да функционираат целосно. Не растителни масти, туку животински масти, бидејќи белите дробови се орган кој е зависен од маснотии, а доколку нема доволно маснотии, страда.
И особено ако сте на диета која вклучува лишување од маснотии кои во овој момент се многу важни. Затоа, овој лекар советува да јадете 20 до 30 грама путер на ден.
Д-р Евдокименко советува и зајакнување на имунитетот со сок од алое.
Ако имате кашлица, лекарот советува да се користи сок од алое + мед + путер, сето тоа во еднакви делови; измешајте сè и добиената мешавина користете од една или две лажици три пати на ден.
Користете го ова од 3 до 5 дена.
Ако поради некоја причина не можете да користите сок од алое, тогаш можете да земете тинктура од женшен за превенција.
Пијте повеќе чиста и свежа вода, најдобро топло.
Познато е дека стравот и стресот го намалуваат имунитетот.
Затоа овој лекар советува да внесувате помалку негативност во животот, да гледате помалку вести и да се релаксирате колку што можете повеќе. исто така неопходен е и сонот. Здравиот сон!
Овој руски лекар вели дека само на овој начин грипот може да се разликува од коронавирусите:
Грипот започнува со треска, болка во зглобовите, потоа болки во грлото и кашлица.
Коронавирусот започнува со болно грло три до четири дена, проследено со сува кашлица, скратен здив, па дури и недостаток на чувство за мирис.
Овој доктор советува оваа смеса да ја користете само за превенција и никако не препорачува да се лекувате сами ако ги почувствувате првите симптоми на вирусот – подобро е веднаш да се консултирате со лекар.