Важен ден за Алачки: На среќата ѝ нема крај – пејачката се огласи на Фејсбук
Важен и значаен ден за македонската пејачка и водителка.
Алачки ги водушеви фановите со честитката која ја напиша за својата наследничка.
Адријана Алачки пред македонската јавноста се претставила како пејачка во 1987 година.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
Во 1988 година со Ирена прават дует кој во 90-те години остава траг на македонската фолк сцена.
Некогаш младото и талентирано девојче денес е успешна жена, мајка и баба.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
До 2011 година беше во брак со хармоникашот Горан Алачки со кој има две деца, синот Благоја и ќерката Грациела.
На 14 март е родена нивната прва радост, Грациела, а по тој повод Адријана се огласи на социјалните мрежи и јавно ѝ го честиташе роденденот на својата наследничка.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Алачки
„Денешниот ден е многу значаен во мојот живот, на денешен ден се роди моето прво чедо, мојата радост, гордост, мојата причина за живот, мојата Граци, мојата душа и дамар, мојот здив, мојата мала принцезата сега веќе е мајка сопруга, жена со вистински вредности..сега таа е мојот учител, мојот пример, мојот идол, скромна, ненаметлива а толку силна…нејзината моќ е токму во нејзината искреност, чесност. .спонтаност и емпатија…вистински пример за своето дете. Ти благодарам сонце мајкино што благодарение на тоа што си, одам со крената глава ..со чист и бел образ. Среќа е да се има ќерка како тебе. Биди ми здрава и жива, среќна и уживај во секој миг од животот.
Те сака мама“, напиша таа.