Тие се подготвени да помогнат на секој кому му треба помош.
Вагите се подготвени да помогнат на секој кому му треба помош. Подготвени се да ја подадат својата рака. Тие се подготвени да одговорат секогаш кога некој ќе се понуди да соработува со нив. Тие не подлегнуваат на мрачните расположенија. Способни се да ги задржат негативните и тешки мисли надвор од нивната глава.
Уживаат во животот и сакаат да ги видат позитивните работите, посебно кога другите гледаат само негативно. Вагите имаат способност да се охрабрат себеси, но и луѓето околу нив.Тие размислуваат трезвено, без оглед на ситуацијата, не брзаат со заклучоците. Одлуки донесуваат мошне внимателно, аналитично и со добро осмислена акција.
Едноставно ја гледаат убавината во сè – во песната на уличниот музичар, во светлината на месечината над градот, во мирисот на есенската гора – и уживаат. Тие се дури и посреќни кога имаат некој со кој ќе го споделат уживањето. Тие веруваат во луѓето. Го гледаат најдоброто во секого.