Реклама
Наши ѕвезди

Бурниот љубовен живот на султанката Махидевран од „Сулејман Величествениот“ – по скандалот му се врати на поранешниот

Реклама

Таа денес е една од најпознатите актерки во Турција

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Познатата актерка се прослави со улогата на султанката Махидевран во хит серијата „Сулејман Величествениот“.

Во прашање е турската актерка Нур Фетахоглу која најчесто игра женски ликови со тешка животна судбина.

Маркетинг

Што се однесува до нејзината улога на Махидевран, со која што ја освои и нашата публика, Фетахоглу во една пригода ќе го изјави следново:

„Една вечер се вратив исцрпена дом од снимањето на ‘Страстите на ориентот’ кога ми заѕвони телефонот. И покрај тоа што воопшто не ми беше до разговор, се јавив и ја добив понудата, да ја глумам Махидевран. Заради тоа бев многу возбудена и цела вечер поминав на компјутерот, пребарувајќи го интернетот, сакајќи да дознам што повеќе за првата сопруга на султанот, за која дотогаш не знаев ништо. Утредента шминкерите на сетот мораа да се помачат за да ми ги сокријат подочниците“, изјави тогаш шармантната турска актерка која ја прифатила улогата што ќе и го смени животот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа е родена во Германија во 1980 година како најстара во семејство со пет деца. Нејзините предци од страната на нејзиниот татко потекнуваат од Турција, додека нејзината мајка по потекло е од Косово.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Откако ги завршила студиите по моден дизајн, таа ќе започне да работи во банка, а потка на турскиот телевизиски канал „Sky Turk“, каде ќе води емисии со финансиски и економски теми.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како актерка ќе дебатира во 2007 година во една телевизиска серија, а досега се има појавено во два филма и шест серии.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Нејзиниот професионален живот обележан е и со бурни разводи, бидејќи за многу краток период имала дури два.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Нур во 2008 година ќе се омажи за брокерот Мурат Ајсан, но по три години брак тие ќе одлучат да се разделат.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Додека се снимаше „Сулејман Величествениот“, таа глумеше како Нур Ајсан, но откако се разведе го врати моминското презиме.

Во тоа време со колешките од серијата често можевме да ја видиме како се забавува низ клубовите во Истанбул.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа во една пригода призна дека со Мурат останала во коректни односи и дека од него барала да го задржи неговото презиме. Мислела дека тоа би можело да влијае на нејзината кариера, но колешките ја увериле во спротивното. Што се однесува до самиот брак, според неа главна причина за разводот биле непремостливите разлики во нивните карактери.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сепак, на бракот, како што пренесуваа турските медиуми, најмногу ќе влијае нејзината врска со колегата Нецатиј Сасмаз.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Но и оваа романса нема да трае долго, па актерката веќе во 2013 година ќе се омажи за бизнисменот Левант Везироглу.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Овој брак ќе биде уште пократок и од претходниот – тие ќе се разделат по само две години, и тоа откако ќе остане бремена.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во февруари 2016 Нур ќе ја роди својата ќерка Елиса, и бидејќи долги години имала проблем со плодноста, оваа вест многумина развесели.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

По бурниот период парот сепак ќе одлучи да и дадат уште една шанса на љубовта, посебно заради нивната ќерка.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button