Бурмата што беше пронајдена во Охридското Езеро стигна до сопственикот
Позитивна сторија што деновиве стана хит во Македонија
Пред неколку дена Биби Ставрева на Фејсбук сподели дека нејзината ќерка на плажата Акапулко во Охридското Езеро случајно пронашла бурма и побара помош со споделување на Фејсбук информацијата да се прошири и да стигне до сопственикот. Ваквата „операција“ беше успешна така што наскоро се јави и сопственикот на прстенот на кој било изгравирано „Моника + Дејан 28.07. 1998“.
Откако објавата стана вирална за кратко време стигна и до Моника и Дејан кои во своите коментари споделија дека прстенот го изгубиле пред пет години кога биле на Охридското Езеро и дека се пресреќни што некој по толку години успеал да ја најде, да ги пронајде и да им ја врати.
Тие во моментов имаат две деца и годинава ја прославија 20-годишнината од нивниот брак.