Реклама
Наши ѕвезди

Брутално матурско издание на Црнокрак – ИЗГЛЕДА НЕВЕРОЈАТНО, со топ линија и харизма до небо

Нереално тигресто издание на Светлана Црнокрак на прагот од шестата деценија

Реклама

Феноменално издание што заслужува внимание

Поранешниот модел и сопственичка на модната агенција Црнокрак, Светлана Црнокрак (49), деновиве имаше посебна причина за славење.

Имено, таа ова година прослави 30 години матура, па н социјалните мрежи објави неколку фотографии од прославата.

Маркетинг

Таа на матурската се појави сјајно расположена и не ја тргаше насмевката од лицето, а она што сите исто така го забележаа и кое што не можеше да помине незабележано беше нејзиниот феноменален изглед.

Маркетинг
Фејсбук/ Светлана  Црнокрак

Покрај нејзината безвременска убавина Светлана блескаше и со својот стајлинг што ги избра за оваа посебна вечер.

Фејсбук/ Светлана  Црнокрак

Таа носеше тесни, беж панталони во комбинација со горен дел на прерамки со леопард дезен во кој изгледаше како мачка.

Светлана во слично „тигресто“ издание позираше и еден ден подоцна, а она што сите го забележаа е дека оваа дама и на прагот од шестата деценија изгледа божествено и дека годините за неа се само бројка.

Фејсбук/ Светлана  Црнокрак

Таа едноставно плени со својата убавина и харизма, а во едно вакво шик издание може да засени и многу помлади дами од неа.

Светлана направи одличен избор и со оригиналните обетки што ги носеше и кои исто така завршија голема работа, но и со нејзината шик „залижана“ фризура и убава шминка покажувајќи дека за добриот стил не се важни годините, туку емоциите и вашиот став. И пред се слободата да ги следите трендовите што вам ви се допаѓаат и без никакви ограничувања од типот на „не е примерно за ваши години“ што често можат да се слушнат за разни модни парчиња, но кои секако не важат за оние жени за кои годините се само бројка.

Фејсбук/ Светлана  Црнокрак

А дали тоа навистина е така, „фрлите“ поглед на овие фотографии на Светлана и процените сами кои се вашите граници…

Фејсбук/ Светлана  Црнокрак

Фејсбук/ Светлана  Црнокрак

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button