Реклама
Вирално

Бројот на жртви од коронавирусот се искачува во земјава, почина 65-годишна жена

Реклама

Пет пациенти се испишани од болница утринава, но за жал има уште еден смртен случај поради коронавирусот, соопшти Филипче.

 

Маркетинг

– Ноќеска на Инфективна во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години заболена од коронавирус. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност- изјави Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Маркетинг

Скопје – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12,Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1,Крива Паланка – 1. Кочани – 1.

Мкнистерот за здравство информираше за родилката која била примена  на ГАК, како и за брисевите на починатите пациенти од Струга и Битола.

-Второродка од Куманово вечерните часови со намалена плодова вода е породена со царски рез. Пациентката е породена по патеката за изолација, брисот е стигнат на 31 март и е позитивен. Родено е машко новороденче, кое сега е на интензивна нега. Бебето е изолирано, не е на респираторна машина и денес ќе му биде земен брис иако ретко има вертикален пренос од страна на мајката, изјави  Филипче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button