Британците шокирани – Меган Маркл се занесува и има посебни барања, па кралицата Елизабета II мораше да и ги симне акциите
Во јавноста секојдневно протекуваат информации за арогантно однесување на сопругата на принцот Хари Меган Маркл, односно војвотката од Сасекс.
Таа во предвечерието на свадбата предизвика два скандали со кои добро ја изнервираа кралицата Елизабета.
Меган, наводно, не била задоволна од тијарата што требала да ја носи на свадбената церемонија. Таа сакаше да носи друга, а потоа мораше да интервенира и кралицата Елизабета II, која кажала дека Меган ќе го носи она што таа ќе и го даде. Бидејќи интервенираше и принцот Хари, со цел да се исполни желбата на неговата сакана, кралица го предупреди да води грижа како се однесуваат, и тој и неговата сопруга.
Вториот проблем во пресрет на свадбата беше непријатен мирис во параклисот на Свети Ѓорѓи во Виндзор, поради што Меган бараше да се вклучат освежувачи за воздух, пренесува „Daily Mail“. Имено, оваа капела датираат од 15 век, и во неа е малку задушливо, поради што младата сакала да се освежи воздухот пред да стигнат гостите во неа.
Инсајдерите тврдат дека ова барање, исто така, не наишло на зелено светло во Бакингемската палата, и таа е глатко одбиена со образложение дека „ако ова место од 1475 беше доволно добро за членовите на кралското семејство, тогаш тоа ќе биде добро и за неа.” Дозвола за користење на капелата дава само кралицата Елизабета II, и во него до сега се имаат одржувано бројни кралски свадби и погреби.
Во јавноста кружат и приказни за нетолеранција меѓу Меган и Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ. Тоа наводно, е една од причините зошто принцот Хари и Меган Маркл ќе се преселат почетокот на идната година во куќата која е дел од замокот Виндзор. Се почесто се зборува и дека Меган и Хари не се омилени меѓу кралскиот персонал.
Тие, наводно, се однесуваат диктаторски и многу се тешки за соработка, пишува Дејли Меил.