Брена ги спакува куферите и замина – погледнете го луксузот во кој популарната пејачка ужива во Мајами, сите и завидуваат!
Пејачката Лепа Брена замина на Флорида, па сподели на Инстаграм видео од кое можеме да видиме како ужива.
Брена го снимаше неверојатниот поглед на морето од својата тераса, а го покажа и раскошот во опкружувањето.
Брена која пред само неколку недели се врати од својот одмор во Италија и Монако, овој пат замина преку барата.
Таа со својот сопруг Боба Живојиновиќ речиси целото лето го помина во Монако, од каде редовно објавуваше фотографии од прекрасните дестинации, а во текот на одморот и се приклучија и нејзините синови со снаите, Филип со Александра и нивното бебе како и Виктор со девојката Сандра.
По луксузниот одмор таа сега замина во сончевиот Мајами, па на Инстаграм ги сподели убавините во кои ужива сега.
Таа го сними погледот од нејзиниот прозор, од каде се гледа преубавата плажа како и луксузните згради и хотели.
Ваков одмор секој би посакал, а популарната пејачка секако дека знае да ужива.
Инаку, Брена, на 20 октомври ги дувна своите шеесет свеќички на роденденската торта. Таа тогаш немаше многу желби поврзани за семејството и кариерата, каде веќе одамна се има остварено, туку имаше желби поврзани со ситуацијата во која сме сите заради епидемијата.
Вирусот да помине што побрзо и да се врати животот во нормала. Тоа за пејачката значи дека ќе може да ги гушне децата и внукот, да ја види својата сестра Факета и повторно да се дружи со публиката на концертите. Таа својот јубиларен шеесетти роденден не можеше да го прослави поинаку, освен дома со најблиските од нејзиното семејство.
На прашањето дали се плаши од годините, таа, само неколку дена по роденденот, за „Стори“ одговори
„Не, се доживеав тога кога требаше и како требаше. Уживам. Да не беше короната, немаше вака да се одморам, туку би трчала по обврските и од концерт на концерт. Би била во својата долгогодишна рутина. Вака се „ресетирав’. За сите 38 години, колку што работам, пеев секоја Нова година освен кога бев бремена или имав тромбоза“, вели пејачката и додава:
„Јас сум работохолик бидејќи го работам она што го обожавам. Ми недостига дружбата со публиката, тоа може да ме расплаче. Човек не знае што има се’ додека не го изгуби. Немам впечаток дека имам 60 години и се обидувам да најадам одговор на тоа. Дали е тоа што секогаш сум во акција и в движење, не знам. По тоа како се чувствувам и како размислувам, како да имам 40 или 45 години“, заклучува Брена.
А еве дел и од нејзиниот роденден …