Брена ги покажа долгите нозе, нема ни грам целулит на нив – сите и ЗАВИДУВААТ, а Американците и нудат 500.000 долари
Годините не и можат ништо!
Многумина забележуваат дека нема ни грам целулит на нозете, а и пејачката очигледно и самата е свесна дека нозете и се најсилен адут…
Познатата пејачка Лепа Брена веќе со години важи за една од најзгодните пејачки на сцената, а дека оваа титула навистина ја заслужува покажа и деновиве кога никого не остави рамнодушен со својот изглед.
Имено, пејачката кој е позната по своите долги нозе, кои ги истакнува уште од младоста, и овој пат ги остави сите без здив.
Таа покажа дека се уште е во беспрекорна форма и дека многу помлади колешки можат само да и завидуваат.
На еден настан се појави во кусо фустанче со риги со кое ги истакна своето долги нозе и ја воодушеви публиката.
Многумина коментираа дека изгледа прекрасно и дека годините не и можат ништо, посебно кога ќе се појави во едно вакво издание.
Следуваше лавина од коментари и позитивни реакции, а како таа изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение:
Многумина забележаа дека нема ни грам целулит, а и пејачката очигледно е свесна дека нозете и се најсилен адут.
Имено, таа неодамна го лансираше својот бренд за чорапи кои полека го освојуваат светот, за кои таа самата е најдобрата реклама.
Според српскиот „Курир“ на Брена и пристигна понуда од една американска компанија, која исто така се занимава со производство на чорапи, да ги дистрибуираат нејзиниот бренд на територијата на САД. Како што пишува овој портал, оваа компанија на пејачката и нуди огромни пари.
Наводно, за првиот договор што би важел за една сезона (есен и зима), тие се подготвени да и платат половина милион долари.
Пејачката очигледно има причина да биде презадоволна од бизнисот и трла раце, и тоа благодарение на нејзините нозе.
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена