Бремената Неџла објави фотографија со Бали-бег и нивниот наследник – погледнете како ужива, најубавото фото што ќе го видите денес

Познтиот пар наскоро очекува принова…

Популарниот турски актер Бурак Озчивит ги освои женските срца уште откако се појави на малите екрани, а потоа следуваше и големо разочарување кога реши да се ожени со својата колешка Фахрие Евџен со која го доби синот Каран.
Познатиот турски актер Бурак Озчивит кој се прослави со улогата на Бали-бег во популарната серија „Сулејман Величествениот“ не престанува да ја освојува женската публика со секое свое ново издание.
Тој како и неговата сопруга, Фахрие Евџен, е поприлично активен на социјалните мрежи каде често споделува фотографии и од неговиот приватен живот со кои никого не остава рамнодушен.
Женските срца меѓу гледачите ги освои уште откако се појави на малите екрани, иако потоа следуваше и големо разочарување кога реши да се ожени со својата колешка со која го доби синот Каран.

И најверојатно заради љубомора, за познатиот пар се уште се шират гласини дека имаат проблем во бракот.

Некои медиуми во една пригода дури и објавија дека Фахрие наводно се отселила од нивниот стан, но парот по кој знае кој пат ги демантираше ваквите вести и тоа со фотографија на своите профили на Инстаграм.
„Не бидете глупи! Оставете не на мира“, напишаа тогаш тие.

Инаку, познатиот пар за неколку месеци очекува принова, а Фахрие неодамна ги објави првите фотографии со трудничкиот стомак. Но покрај овие објави (фотографијата на која носи црн фустан) таа објави и неколку снимки од нивниот дом на кои се гледа како нејзиниот сопруг се игра со Каран.

Овие снимки веднаш ги воодушевија нивните фанови, а многумина се согласни дека малиот личи на својот татко.

„Машала, синот ист како тато, колку сте убави“, пишува во еден од коментарите што тие ги добија од своите верни фанови.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
