Една од нашите најпознати манекенки лудо се забавува ова лето и покрај тоа што повторно е во блажена состојба.

Катарина Ивановска на својот Инстаграм сподели фотографија на која позира во мошне интересно издание, а во центарот на вниманието се нејзините долги убави нозе кои дополнително ги истакна со високите потпетици. Таа „фураше“ кошула фустан во комбинација со интересно сако во бела боја и со црвени „пердуви“, а покрај фотографијата објави и видео на кое се гледа како лудо се забавува до доцните часови.

Како манекенката изгледаше на забавата можете да видите и од фотографиите што следуваат во продолжение…


Инаку, Катарина и покрај бременоста, се уште е во одлична форма и во ова издание изгледа неверојатно.

„Мама прва класа со стил и све по ред“, и напиша комплимент една пријателка на сметка на својот изглед.