Бремената водителка прв пат го покажа големиот труднички стомак – ова е едно од нејзините најубави изданија
Многумина се стопија кога ја видеа во вакво издание
Блеска како никогаш досега
Водителката Сања Кужет која замина на трудничко боледување ги изненади сите со своите последни фотографии.
Имено, таа го покажа својот труднички стомак и им ги стопи срцата на сите истовремено предизвикувајќи лавина од коментари.
Многумина и’ порачаа дека блеска и дека е најубавата трудница, а дали тоа навистина е така погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Потсетуваме, Кужет откако откри дека е во блажена состојба ги изненади сите и со одлуката дека повеќе нема да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
На нејзино место дојде колешката и пејачката Ана Севиќ, која во младоста и самата својата карира ја започна во ова шоу.
Принтскрин/ Инстаграм/ Ѕвездуте на Гранд
Таа уште од првата емисија ја освои публиката, а тоа го направи и во последната емисија кога блесна на сцената во кусото фустанче и ги потсети гледачите на некои од најдобрите изданија на Кужет.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Потсетуваме, на убавата водителка Сања Кужет која неодамна замина на трудничко боледување ова ќе и биде трето дете. Таа е во брак со Немања Живојиновиќ и ова ќе им биде второ заедничко дете, додека првото го доби од претходниот брак кој траеше само година дена.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Водителката во една пригода истакна дека за неа кога е родителството во прашање најважно е родителите да имаат потполно разбирања кон своите деца и да ги наслушнуваат нивните потреби, но истовремено и да ги научат на вистинските вредности.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
„Нема што, го ослушувам и него и постариот син, мораме да работиме со нашите деца, мораме многу пати да се прилагодиме ние на нив, но тука сме да им ги всадиме оние вистински вредности кои што ги носат од домот, каде и да се наоѓаат, и да знаат дека имаат свој дом. А домот воопшто не е едноставно да се изгради, тука треба многу време, волја, љубов“, заклучи познатата водителка во една пригода за српскиот портал „Курир.рс“.