Бремената Валерија (28) загина на пешачки: Била во шестиот месец, автомобилот покосил уште двајца пешаци

Жена која била во шестиот месец од бременоста починала на местото на настанот
Валерија Аморим (28), која била во шестиот месец од бременоста, починала откако во Северна Ирска ја удрил автомобил.
Таа е една од тројцата пешаци кои во понеделникот околу 20 часот во градот Белек ги удрил автомобил.
Жена бремена во шести месец загинала на лице место од ударот на автомобилот. На другите двајца пешаци им е укажана лекарска помош.
„Можеме да потврдиме дека една жена загинала по судир на патот на островот Боа во Белек на 19 февруари во вечерните часови. Валерија Аморим имала 28 години и од областа Белек. Околу 20 часот полицијата добила пријава за сообраќајка во која учествувале автомобил и тројца пешаци.
За жал Валерија која била во шестиот месец од бременоста починала на местото на настанот. На другите двајца пешаци им е укажана лекарска помош од колегите од Брза помош на Северна Ирска.
30-годишна жена е уапсена на местото на настанот сега е во притвор. По трагичната смрт на Валерија и нејзиното неродено дете, Одделението за истраги за судири на Полициската служба апелира за информации и сведоци“, изјави портпаролот на полицијата.
Советникот на Социјалдемократската и Лабуристичката партија Адам Ганон изрази сочувство за жртвата.
„Загубата на животот е секогаш неверојатно тажна и моите мисли се со семејството и сите оние кои се погодени“, рече тој, пренесува Метро.
Полицијата упати апел до секој кој има каква било информација да контактира со нив.




