Бремената Ана Ивановиќ стигна на свадбата на својот брат Милош Ивановиќ кој се ожени со Драгана Џајиќ, ќерката на легендарниот фудбале Драган Џајиќ.
Фустанот на Ана суптилно го покажа стомачето, додека внимателно со високите потпетици влегуваше во салата.
Убавата тенисерка на свадбата што се случи во еден познат белградски ресторан се појави со родителите бидејќи нејзиниот Швајн има деловни обврски и не можеше да дојде на свадбата. Имено, тој во истото време имаше натпревар.
Невеста на свадбата беше Драгана Џајиќ која носеше преубав фустан од Вера Ванг.
Еве како изгледаше невестата …
По раскошната венчаница новопечената госпоѓа Ивановиќ се пресоблече во уште еден преубав фустан кој го носеше без градник, а кој и паѓаше на едно раме…
Инаку Ана пред само неколку дена ја обелодени информацијата дека повторно е во блажена состојба. Таа тоа го направи со фотографија што ја сподели на социјалните мрежи, а на кои наместо три, имаше четири пара патики.