Во деветиот месец од бременоста, но се уште активна на сцената.
Луна Џогани не ја одби поканата да гостува во „Амиџи шоу“ и покрај тоа што е на прагот од породувањето.
Многумина се изненадија што ја прифатила поканата.
Ријалити ѕвездата и пејачка откри кога ќе се породи и како ќе се вика второто дете.
Луна и Марко Миљковиќ ја имаат ќеркичката Миа, а господ им подари уште едно детенце. Убавиот пар повторно чека девојче.
– Ми се допаѓаат тие кратки имиња, ќе се вика слично на мене. А кога биравме за Миа, знаевме дека сакаме толку кратко име, истото е и сега – истакна трудницата.
Луна за јавноста откри дека ќе се породи за точно четири недели.
– Се пораѓам за точно четири недели – вели Луна во интервјуто.
Нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ не гостуваше во емисијата, иако дојде со неа во Шимановци, но, како што истакнува поранешниот задругар, и е огромна поддршка во се.