По 11 години брак, Бред Пит и Ангела Џоли решија да се разведат. За нивниот развод се интересираше целиот свет.
„Очигледно не сум експерт за врски, но дали би направил нешто поинаку? Откако ја изгубив жената што ја обожавав, и се разделивме по 11 години брак, ова се моите совети за сите мажи … Еве што би направил поинаку, кога би можел “, изјави во една пригода актерот. Ова се неговите совети:
1. Секогаш води грижи за својата сопруга.
2. Работи на тоа да се засакаш себеси.
Маркетинг
3. Вљубувај се во твојата сопруга, одново и одново.
4. Фокусирајте се на она што е најдобро во неа.
5. Не менувај се.
6. Не е нејзина работа да те направи да бидеш среќен – тоа мора да го направиш сам.
7. Никогаш не и викај на својата жена. Дури и ако си лут поради нешто што го направила. Сепак, овој гнев е само твој и ништо друго.
8. Само останете со неа: и во добро и во зло.
9. Не бидете постојано сериозен и тежок човек.
10. Обрнувајте и внимание секој ден.
11. Не биди идиот!
12. Дозволете или оставете и место за одмор.
13. Бидете ранливи на неа. Таа е твојата сопруга.
14. Бидете искрени со неа.
15. Кога таа се развива, се развиваш и ти. Секогаш учи, учи, учи …
16. Никогаш не навраќај се кон минатото, не и се лути заради нејзините стари грешки.
17. Секогаш изберете љубов! Бракот не е онаа реченица од бајките: „И тие живееја среќно до крајот на животот”. Секој брак има свои подеми и падови. На бракот, како и на сопствениот развој, се работи секојдневно.