Братучетката на Антониа Гиговска, Сара, има безвременска убавина- ја викаа „чудо од дете“
Тргна по стапките на дада...
Помладата братучетка на пејачката Антониа Гиговска, Сара Гигова е вистинска убавица. Оваа година таа е матурантка и блесна во прекрасна црна тоалета.
Сара има брат близнак Мартин и нивната мајка на Фејсбук објави фотографија од нив двајца од прославата.
Гигова тргна по стапките на дада и исто така беше дел од „Пинкови ѕвездички“ и тогаш ја нарекуваа „чудо од дете“.
Денес таа веќе создава своја музика. Музикалноста во оваа фамилија очигледно е генетика.
Сара пее уште од рана возраст некаде од шесттата година почнала да се занимава со музика. На 11 годишна возраст таа се појави во „Неки нови клинци“, а потоа по стапките на нејзината четири години постара братучетка се појави и на сцената во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, таму стигна до полуфиналето .
Таа учествуваше и во македонскиот мјузикл посветен на Тоше, „Тајно моја“. Беше дел и од домашното музичко талент натпреварување „Ѕвезда број 1“ каде заврши како четвртопласирана. Нејзината прва песна е „Љубовна бура“ со која се претстави на „Макфест 2018“.
Прекрасната млада и згодна Сарa има безвременска убавина. Она што можеме да го заклучиме е дека многу ја обожува црната боја, па така често позира во црни комбинации. На фотографиите изгледа светски, па може да размислува и професионално да се занимава како модел.
Убавата пејачка на почетокот многу ја споредуваа со нејзината братучетка, но на тоа таа одговараше дека тие се многу различни, имаат различен стил и дека не се чувствува како нејзина сенка.
– Јас и Антониа сосема сме различни и како луѓе и како пејачки. Таа има различен стил на пеење, различен стил на облекување, различен стил на однесување, мислам дека сме потполно различни освен тоа што сме братучетки. На музички план немаме толку интереси, имаме различни гласови, Воопшто не се гледам во сенка на Антониа. Се надевам дека со текот на времето публиката подобро ќе ме запознае“, рече Сара.
Братучетките се натпреваруваa заедно во македонското шоу „Тајно моја“ и стигнааа заедно до суперфиналето, имаа и дует. Тогаш ги освоија првите две награди улоги во „Тајно моја.
Кој знае можеби еден ден ќе ги видиме и со некоја заедничка песна?