Благодарение на својата совршено бела насмевка, силиконските импланти во рацете и градите, сина коса и сини очи, Маурицио Галади стана бразилскиот Кен!
„Кога бев дете, никогаш не се чувствував убаво и не бев задоволен со мојот физички изглед”, ја започна својата приказна овој човек кој ја имаше својата прва пластична операција на само шеснаесет години.
Маурисио денес е актер и презентер, а неговите физички карактеристики се сосема различни од оние природните што некогаш ги имал. Во разговор за телевизијата Баркрофт, Маурисио вели дека Кен отсекогаш бил негов идол.
https://www.instagram.com/p/BwDXOI4DVvz/?utm_source=ig_embed
„Јас секогаш му се восхитував на Кен и сакав да изгледа како него, но имавме само една сличност”, призна младиот човек.
Роден во Бразил, Маурицио одлучил да за прв пат да оди под „нож” на свои шеснаесет години, бидејќи сметал дека не изгледа доволно добро за да се најде во театарскиот свет.
Прво го смени носот и потоа вметна силиконски импланти во градите и рацете за да ја добие фигурата на „мускулест” човек со цел конечно да одлучи трајно да ја смени својата боја на очите – од кафена во сина.
https://www.instagram.com/p/Bu1hVbAjaGQ/?utm_source=ig_embed
За само 10 години, Маурицио имал повеќе од 10 пластични операции и многу повеќе козметички промени.
„Тој беше убав млад човек. Некој кој постојано има потреба да се менува не е среќен “, вели неговата мајка. Сепак, Маурицио не се согласува со неа и категорично тврди дека „живее за својот изглед” и дека благодарение на пластичните операции успеал да стане добро промовирана и влијателна јавна личност, но и среќен човек задоволен од самиот себеси.