Браво Соња Бојаровска!!! Таа испрати АПЛАУЗ за Филипче и докторите и сите медицински работници во борба против корона (видео)
Утре во истото време!, повикува скопјанката Соња Бојаровска.
Која денеска со аплауз им се заблагодари на министерот Филипче, за докторите и сите медицински работници во борба против коронвирусот.Оваа порака денеска ја упати пејачката Кристина Арнаудова .
„Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со Корона вирусот, здравствените работници! Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави! Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите? Шерувајте ја оваа иницијатива и приклучете ми се!!“, напиша Кристина на својот Фејсбук профил.
Седум лица од Куманово, Штип, Тетово и Кичево по пријава за покачена температура, се тестирани на коронавирус. Резултатите се негативни. Министерот Филипче извести дека лицата кои беа тестирани допатувале од Швајцарија, Германија и Австрија. Исто така извести дека по доаѓањето истите почувствувале покачена температура и се пријавиле за тестирање. Меѓу се две бремени жени од Дебар.
Состојбата на другите пациенти кај кои веќе е потврден коронавирус и се хоспитализирани е стабилна, освен на еден од пациентите кој е ставен на апарати за дишење. Филипче информираше дека и Детската клиника во Козле ќе се подготви за прием на деца евентуално инфицирани со коронавирус.