Бојана Скендеровски го покажа својот топол семеен дом – пејачката на ова место ужива за сите пари (фото)
На ова место се чувствува како во рајот

Пејачката се снимаше во својот дом
Пејачката Бојана Скендеровска покажа како изгледа нејзиниот семеен дом во кој живее со сопругот и децата.
Таа сакаше да ја покаже својата интересна модна комбинација, но притоа покажа како изгледа и дневниот престој во нејзиниот дом.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Од објавата можеме да видиме дека Бојана целиот простор го уредила по свој вкус, а доминираат белата и сивата боја, со црни детали.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
На ѕидовите има уметнички слики, а просторијата е осветлена од дневната светлина што доаѓа од големите прозори.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Инаку, Бојана моментално е актуелна и со својот нов спот за песната „Лажни светови“ во кој изгледа како светските ѕвезди.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Таа исто така е ангажирана и околу музичкиот патриотски проект „Македонија, во срце те носиме“, што го работи заедно со нашите најпознати музичари, но и со сопругот и нивната заедничка продукциска куќа „Скендеровски“.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Но покрај обврските како пејачка, но и околу приватниот бизнис и продукциската куќа, Бојана е и мајка на две деца, па во една пригода за Гламур магазин откри како го балансира приватниот со професионалниот живот.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
„Па не е едноставно. Затоа што треба да бидеш успешна на повеќе полиња. Сакам да бидам успешна на сите полиња и се трудам тоа да биде така. Не можам да кажам дека ми е се’ подредено или дека е шема која е зацртана и тече. Животот едноставно се случува. Се’ се може. Многу е важно каков партнер ќе одберете. Да знаете колку човекот покрај Вас Ве сака таква каква што сте. И да се опкружувате со позитивни луѓе наспроти токсичните“, изјави тогаш Бојана.
Целото интeрвју со Бојана прочитајте го тука >>