Исклучително талентиран и успешен. За тоа говорат и неговите дела. Момче на кое фотографијата му е пасија уште од мали нозе, а сега веќе и професија. Фотографот Бојан Стоилковски голем дел од публиката го запозна како дел од тимот кој работеше за пејачката Тамара Тодевска кога не претставуваше на Евровизија. Тој веќе работи на своја интернационална кариера, а сака да соработува со Софија Лорен , Моника Белучи и Хедер Рене Свит. Животна желба му е да има куќа покрај крајбрежјето на карибите…
Како се роди љубовта кон фотографијата?
Љубовта кон фотофрафијата дефинитивно е присутна уште од мали нозе, уште како дете се сеќавам дека огромно внимание ми привлекуваа светлото, апаратите, објективите и цел тој свет. Имав среќа што татко ми аматерски се занимаваше со фотографија па целата опрема ми беше лесно достапна за истражување и проучување еден нов свет.
Како се инспирираш?
Инспирација ми е секој лик, секој нов проект. Инспирацијата ми доаѓа и од обичен кафе муабет со пријателите, насекаде околу нас е инспирацијата, само треба да подадеш рака :)
Омилено место во Скопје?
Омилено место во Скопје е дифинитивно Дебар Маало, место кое постојано живее и има убава енергија.
Каде се прават најлудите фотографии?
Нема некое посебно место каде што можам да посочам,тоа зависи од клиентот и моделот, дали се доволно спремни за “луди” фотографии, во секое ќоше од градот може да се создаде таа фотографија.
Што има Скопје и ниту еден друг град за фотографирање?
Хмм, тоа што дефинитивно зимно време не ми треба дим машина хаххах :) (малце да се нашалиме)
Како и секое едно место, посебна енергија, посебен и уникатен дух и секако моите блиски луѓе.
Вашите фотографии на Инстаграм изгледаат необични и различни, на што најмногу треба да се внимава кога се фотографира?
Многу фактори се во игра за добра фотографија. Тимот со кој што работам (шминкер, фризер, стилист, модел). Но како нешто најбитно слободно можам да кажам светлото е она на што треба најмногу да се внимава, доколку светлото не е добро, џабе е се останато.
Колку задоволството со фотографирањето ги пополни вашите желби, радости и таги низ животот?
Преку објективот успевам да видам и отворам еден друг и поубав свет, така да фотографирањето ме исполнува во секој сегмент и ситуација низ животот.
Соработувате со голем број познати личности од кај нас, ви се случило ли некогаш да имате незадоволен клиент?
Со предходен договор и слушање на желбите и потребите на клиентот доаѓаме до зедничко решение за соработка, затоа сметам дека до сега не сум имал не задоволен клиент.
Со кого од светската естрада би сакале да имате соработка?
Софија Лорен , Моника Белучи и Хедер Рене Свит или позната како Дита Фон Тис, тие се личности кои отсекогаш сум сакал да ги фотографирам поради нивната уникатност, едноставност и убавината со која што пленат.
Рамислувате ли можеби за интернационална кариера?
Би излажал доколку кажам не, секако дека да, а веќе и некој период работам на тоа поле .
Знаат ли скопјани да ги следат Светските трендови?
Да, има момци и девојки кои што многу успешно и сигурно го прават тоа.
Како се снаоѓате во кујна?
Јас се снаоѓам одлично, но за жал гостите се секогаш гладни хахаа, Ако не се снајдам знам да нарачам и за себе и за гостите.
Животна желба?
Ахх има неколку :) но би издвоил една а тоа е куќа покрај крајбрежјето на Карибите :)