Реклама
Наши ѕвезди

Болна исповест на Оџаклиевска за внукот што има аутизам – целосно му се посвети, направи вистински рај за него

Пејачката Маја Оџаклиевска престана да пее и дкоро целосно се повлече од музичката сцена.

Реклама

Маја целосни се посвети на семејството, живее мирно и повлечено надвор од градската гужва, а главната причина поради која го промени целиот живот беше нејзиниот внук Лука, кому пред седум години му беше дијагностициран аутизам.

„Мојот животен сон беше да имам куќа со цвеќе, буквално куќа. Не сум фанатик, никогаш не сум сакала да имам огромно куќиште, трикатна вила или замок. Сега во овие години е подобро и полесно да се исчисти мала квадратура. Презадоволна сум“, изјави Маја во емисијата „Како нормалниот свет“ која со години ја води Тања Петернек.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Така Маја Оџаклиевска ги замени зградите со птици што црцорат и зеленило. Живее во село, во околината на Велика Плана, има бавча што ја негува, а има и домати кои не ги прска бидејќи се заштитени од копривите што растат таму.

Маркетинг

Пејачката внимавала на секој детаљ, куќата е опкружена со растенија, а најомилено катче ѝ е терасата од која се нуди прекрасен поглед на природата и на која пејачката обожава да го пие првото утринско кафе.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Пејачката отворено заборувала за борбата за подобро утре на Лука. Поради него првата работа што ја направила кога се преселила во селото била да закачи лулашка.

Маркетинг

„Неговиот аутизам го препознав кога имаше две години. Отпрвин се криеше каде што беше темно, обично под масата или под јорганот, и ќе врескаше ако го допреа. Често имал хистерични напади. Всушност, јас така ги доживував, за подоцна да сфатам дека нешто му се случува во главата што ќе го натера да изгледа како да е лут. Имаше напади додека не се исцрпеше и на крајот детето ќе помодреше. Тоа се страшни работи со кои моравме да се справиме“, искрено призна Маја Оџаклиевска.

„Бидејќи ќерка ми не можеше повеќе да издржи, решив јас да се грижам за Лука. Ми се чинеше дека имам огромна количина на љубов што треба да дадам бидејќи многу и му требаше. По некое време почна да се смирува. Бев со него скоро пет години. Минатата година го препуштив на мајка му, велејќи ѝ дека едноставно повеќе немам физичка сила“.

На прашањето каков е односот меѓу неа и внук ѝ, Маја одговори:

„Совршен. Кога преку Вибер ќе му кажам „каде е мојот принц“, се насмевнува и се радува. За жал, тој е невербален, но толку многу кажува со две насмевки и три погледи, за да можеме слатко да се збогуваме.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Се чувствуваме и преку музиката. Ние двајца најмногу сакаме да го слушаме Моцарт заедно. Прекрасно е.

Имам видео кое често го пуштам, а на него се гледа како пее на таа музика. Тој е многу сладок”.
Маја, „бабата херој“, која го има и двегодишниот внук Константинин, истакна дека срцето ѝ е полно со тага бидејќи повеќе не може да му помогне на Лука.

„Понекогаш посакувам да имам магично стапче кое ќе му помогне да продолжи со својот живот. И тогаш мислам, што е животот во суштина, тој е полн со негативност, агресија, омраза. Можеби за него е подобро да живее во свој свет на бајки и илузии, кои ние како семејство му ги обезбедуваме. Заштитен е од се што минуваат другите деца, бидејќи ние како родители не успеавме да им обезбедиме животна сигурност на нашите деца. „Можеби е подобро Лука да е некаде далеку, а сепак блиску до оние што најмногу го сакаат“, рече Оџаклиевска.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button