„Желбата и волјата се крилја за големи дела.“
Малиот херој Марко Пејчиновски беше приморан да го прекине соло-маратонот поради болки во ногата.Поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.
Марко изминаа 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри.Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!, соопштија од тимот на Марко.
Марко на овој сериозен подвиг се реши од хумани причини, односно за да помогне да се подигне јавната свест и грижата за лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонска битка за живот.
Пејчиновски не успеја во соло маратонот, но дефинитивно доби статус на национален херој, со оглед на тоа дека цела Македонија вечерва беше во исчекување на тоа како ќе заврши овој негов хуман подвиг.
Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.
Сепак, тој успеа да ја испрати неговата порака: „Care for rare“, односно да се крене свеста за лицата со ретки болести. Марко е херој на времето кое го живееме!