Боки по излегување од затворот повторно живее боговски – испливаа снимки од кои сите се изненадија (фото)
Боки го прослави роденденот, фотографиите што ги објави покажуваат како тој живее сега
Опкружен со пријателите, со сите оние што не го заборавија кога му беше најтешко, Боки никогаш не изгледал посреќно
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, го прослави својот роденден во еден од најпознатите ресторани во нашата метропола.
Од снимките што ги објави на социјалните мрежи може да се види раскошната маса со најразлични јадења, како и тортата.
Боки кој повеќе не носи штикли и фустани по што беше познат порано, за оваа пригода избра светкави тренерки, целото издание го заокружи со неговата впечатлива руса фризура и тренди очила за сонце.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
На роденденот беа многу познати личности од нашата естрада, а меѓу нив и јутуберот Стефан Лазаров со својата сопруга.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Меѓу гостите беше и новинарот Зоки Фаци за кого деновиве пријателите се организира и собираа средства за лекување.
Повеќе детали од прославата погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Оваа жена ја сака најмногу
Боки очигледно е решен да го надомести времето поминато во затвор на најдобар можен начин, па сега ужива со пријателите.
Но во последно време е неразделен и од жената за која тој не крие дека му е најважна во животот, а тоа е неговата мајка.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
„На 19 август 1986 година, во 17 часот, мојата драга Јасминка, мојата драга мајка, ме родила, овде во Скопје. Сум бил мазено, сакано и пазено дете“, вели Боки во видеото што го објави за својот роденден.
Имено, оваа жена секогаш беше со него, и во добро и во лошо, и отсекогаш од неа ја имал најголемата поддршка во животот.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Боки својата голема љубов кон неа ја искажа и пред две недели, кога и беше роденден на Јасминка, па со емотивни зборови и се обрати:
„Не постои на светот љубов како мајчината!!!“
Инстаграм/ Бојан Јовановски
„На овој светол ден на Св.Петка, родена е мајка ми која е најхрабрата жена која сум ја запознал! Таа со својот непокор, сила, љубов е мојата единствената вистинска безрезервна поддршка!“
Инстаграм/ Бојан Јовановски
„Ти благодарам Господе што повторно можеме да славиме заедно! Среќен роденден најдрага моја Јасминке, те сакам до бесконечност“, напиша Боки тогаш на роденденот на својата мајка. Од нивните заеднички фотографии може да видиме дека Боки денес физички потсетува на неа, а судејќи според овие нивни заеднички изданија неспорно е дека и госпоѓата Јовановска е една голема и вистинска дама.