Боки видно расположен излезе на гласање за својот претседателски кандидат – еве со кого беше
Боки видно расположен и со мерак излезе на гласање за идниот претседател на Македонија
Овој детаљ го забележаа сите
Во Македонија вчера се одржуваа претседателски избори, а својата граѓанска должност ја објавија и многу познати личности.
Еден од нив е и Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој деновиве повторно е во фокусот на вниманието.
Имено, тој гостуваше во подкастот кај Стефан Лазаров во кој зборуваше за неговите затворски денови, но и за многу други „пикантерии“ што ја потресоа целокупната македонска јавност, но и регионот.
Видеото веќе има преку половина милион прегледи и тоа за речиси само 24 часа, што се неверојатни бројки за Македонија.
Истото беше објавено еден ден пред изборниот молк, а Боки сега привлече внимание со уште една своја објава.
Имено, тој на своите профили на социјалните мрежи сподели фотографии со кои покажа со кого бил на гласање.
На фотографиите е со неговата мајка, Јасмина Јовановска, облечени и двајцата класично, но со спортски бели патики.
„После 5 години, денеска во нормални услови го остварив своето право на глас! Традицијата на гласање ја продолживме заедно со мајка ми“, напиша Боки под својата објава на социјалните мрежи.
Потсетуваме, во Македонија вчера се одржа првиот круг од претседателските избори на кои убедлива победа однесе кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Гордана Сиљановска-Давкова. Таа ги победи своите противкандидати со нешто повеќе од 40 % од гласовите, додека Стево Пендаровски освои нешто помалку од 20 отсто.