Божјо чудо: Црква со години потопена под вода, а иконите и светците НЕДОПРЕНИ. Нуркачите во шок, стои и последната свеќа!
Последната заплена свеќа стои исправено како и свеќникот во црква која е потопена пред седум години…
Во 2016 година заради полнењето на вештачкото езеро Робни беше потопена црквата Свети Архангел Михаил во селото Тубрави во близина на градот Валјево кој се наоѓа во западна Србија. Црквата позната како Ваљевска Грачаница и потопена привлекува внимание, посебно откако нуркачите од клубот Борец од Чачак ја снимија нејзината внатрешност.
Црквата е потопена во вештачкото езеро Робни, во близиан на општина Ваљево, на реката Јабланица.
Најдлабоката измерена длабочина во езерото изнесува 67 метри, а црквата која потекнува од 16 век опстојуваше се до 2016 година, кога беше потопена со полнење на вештачкото езеро.
Неверојатните призори од црквата се наоѓаат на 18 метри длабочина, а како што велат нуркачите, биле изненадени кога забележале дека иконите закачени на ѕидовите кои најверојатно се стари неколку стотина година, и кои би требало први да исчезнат, биле потполно недопрени.
„Истиот случај беше и со ликовите на светците на црквените знамиња за литургија. Сите платна, везови, како да се потопени пред само неколку часови. Зад иконостасот, на олтарот, стои свеќник со веројатно последната запалена свеќа, исправено, на бел чаршав“ велат овие нуркачи.
Како изгледа екстериерот на овој божји храм кој од 2016 година е под вода, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Братислав Драшковиќ, РСК Борец