Реклама
Вирално

„БОЖЕ ГОСПОДЕ“: Што го задржа толку долго, норвешкиот инфлуенсер, МОЗИ во Македонија?

Тој е еден од најпопуларните инфлуенсери,а можете да го најдете под името travelsofmozzy.

Реклама

Речиси и да не постои човек од регионот да не го познава Мози или Мустафа Ахмед, од Соли, Норвешка.

Тој е еден од најпопуларните инфлуенсери, активен на ТИК-ТОК, Инстаграм, Фејсбук, јутјуб…  Можете да го најдете под името  – Travels of mozzy.

Маркетинг

 

Мози пристигна во Македонија за време на пандемијата ковид-19 и до ден денес се уште живее во овде. Ја прошета речиси цела наша татковина и ги виде најубавите места кои ги има само овде.

Маркетинг

 

Тој пред да пристигне кај нас бил и во Србија и во Босна и Херцеговина. На прашањето што го задржало толку долго во Македонија, во интервју за „Golden Summer“, одговара:

„Јас , всушност бев во Блеград, но ми истече визата. И се прашував, сега што да правам, каде да одам?! И ја отворив мапата да разгледам што има во околината и прво нешто што видов беше Македонија. И си реков. Каква Македонија?Никогаш немав чуено за вашата земја. И решив да дојдам да видам како е кај вас. Пристигнав и само после еден месец се заљубив во една девојка. Боже господе! вели Мози.

Таа негова флоскула „БОЖЕ ГОСПОДЕ“ стана препознатлива бидејќи често ја повторува и тоа се едни од првите зборови кои ги научи на македонски. Но, од неговите објавени видеа можеме да заклучиме дека Мози полека одлично го совладува македонскиот јазик.

За жал, мојата љубовна врска заврши со таа девојка. Траеше една година , јас поради неа, поради културата и луѓето останав овде, со неа се разделивме сега сум тука заради убавите луѓе и културата во вашата земја. Сакам да истражувам уште, нагласува тој.

Во ова интервју Мози открива и за неговиот прв впечаток за Македонија.

Кога првпат пристигнав во Скопје, тоа беше за време на пандемијата. Тргнав да прошетам до центарот на градот, објаснува тој, и на македонски јазик додава:  Нема живо пиле! (се смее)

Неговиот симпатичен нагласок, лесната адаптација и преголемата слобода што ја има во комуникацијата со луѓе го прави допадлив  за пошироката јавност, па не случајно неговиот инстагарм профил брои над 125 илјади следбеници.

Мози посетил многу земји не само низ Европа туку и низ целиот свет. Бил во Шпанија, Исланд, Канада. Кина, Тајланд, Германија, Холандија,  Шведска, Србија, Турција…

Од сите негови патувања можете да погледнете најразлични интерсени видеа, но се чини по  пристигнувањето на Балканот неговата слава е забележана најповеќе. Во Македонија се задржал најдолго од сите земји во кои престојувал досега овој „номад“.

Мози сам ги креира своите содржини, нема помош од никого. Сам  ги осмислува содржините,се снима и сам ги монтитра. Запознава многу интерсни луѓе овде, па тоа го инспирира да биде активен со видеата и често да објавува.

Неговите видеа се претежно комични, но пред се ги покажуваат убавините на нашата Македонија.

Кога одам на различни места како Кичево, Лазарополе,Преспа… откако ќе објавам нешто за нивниот крај луѓето од таму ми се заблагодаруваат што сум го направил тоа. Што сум ја покажал  на светот Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Ahmed (@travelsofmozzy)

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button