Данска го освои тронот на Светското првенство во ракомет оваа година, а по победата целата нација падна во делириум и славеше низ целата земја.
Главна ѕвезда според очекувањата требаше да биде најдобриот играч и стрелец на Данска, Микел Хансен, но очигледно не одеше се’ по планот. Имено, откако целата репрезентација се појави на балконот во центарот на градот, стотината илјадници луѓе гледаа само во едно нешто.
https://www.youtube.com/watch?v=8yiEJ0mM2b8
Тоа беше синчето на Хансен кое е старо еден месец. Поради него ракометарот беше привилегиран да спие во својот дом во Хелсингор, наместо да остане во базата на репрезентацијата за време на Светското првенство.
https://www.instagram.com/p/BsTIkGPnpCB/?utm_source=ig_embed
Миленикот на нацијата ја израдува целата држава, а фотографиите и видеата од настанот, но и од бебенцето се уште се главна тема во Данска.