Реклама
Хороскоп

Богородица е жена и е заштитничка на Света Гора, па сепак на жените им е забрането да го посетат и разгледаат ова прекрасно место

Реклама

Еве зошто на жените им е забранет пристапот на Света гора

Света гора е едно од најзначајните места во православниот свет. Се наоѓа на полуостровот Халкидики, на северот од Грција, поточно на Атос.

Маркетинг

Општо познато е дека на претставничките на понежниот пол им е забранет пристапот на Света гора, додека само на монасите им е дозволено да живеат на ова свето место, каде во моментот живеат околу 2000 монаси.

И не само на жените, туку дури и на домашните животни од женски род им е забрането, освен на мачките и кокошките кои создаваат јајца од кои се прават бои кои се користат во сликањето икони.

Маркетинг

Богородица е заштитничка на Света гора

Интересно е тоа што Богородица е заштитничка на Света гора, па се поставува прашањето – ако Богородица е жена, заштитничка на Света гора, зошто тогаш на другите жени им е забранет пристапот?

Според едно старо предание Богородица пловела заедно со Светиот апостол Јован од Кипар за да го посети епископот Лазар. Кога поради невремето бродот мораше да сврти од курсот, на тогаш паганскиот Атос, беа принудени да се ги спуштат сидрата во близина на пристаништето Клемент, во близина на денешниот манастир Иврион.

Кога Богородица излегла на крајбрежјето, била воодушевена од глетката, па го замолила својот син Исус Христос ова место да го претвори во нејзина градина.

Тогаш се слушнал глас: „Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо за спасение за оние што бараат спасение.“

Од тогаш местото е познато како градина на Мајката Божја и во неа не е дозволено да дојдат други жени. И токму во чест на нејзината слава, таа е единствената претставничка на нејзиниот пол на овој полуостров.

Еве како Света гора може да им биде достапна и на жените

Ова мистериозно место кое никогаш нема да можат да го посетат жените, ниту пак да ги видат од блиску убавините и животот на монасите, неодамна ги отвори своите порти, но на еден потполно поинаков начин. „Државата на монасите“ која беше отворена само за туристички посети, и само доколку имате виза и сте претставници на посилниот пол, од неодамна можете да ја разгледате и само со еден клик.

Имено, интернет порталот „Света Гора 360“ ја направи Света Гора буквално достап на за сите. Потребен е само еден клик и влегувате во виртуелната тура на манастирските тајни.

Оваа веб страница е исполнета со преубави фотографии и е богата со историски информации. Има јазична верзија на грчки, англиски и руски јазик.

Фото: Профимедиа, Света Гора 360

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button