Бог и ги зема рацете, но и даде крилја – девојката што го воодушеви целиот Балкан го покажа трудничкиот стомак и ги израдува сите
На социјалните мрежи е позната и како девојка со крилја
Таа е сликарка и шампионка во таеквондо, а се занимава и со стрелаштво иако е родена без раце.
Дејана Бачко одамна го има избрано својот модел на однесување и стана предмет на кој му се восхитуваат сите.
Таа и нејзиниот партнер Марко Нежиќ на почетокот од септември на социјалните мрежи објавија преубава вест.
„Еве ја мојата Деки во 4 месец од бременоста. Навистина сме среќни и возбудени заради она што не чека“, вели момчето на Дејана во видеото што тогаш се појави на социјалните мрежи.
Следуваа голем број честитки од оние што ја следат на социјалните мрежи, а и не ја кријат среќата што „девојката со крилја“ наскоро ќе стане мајка.
„Јас научив сé да работам со нозете, така што за мене небото е граница. Не сум за џабе ‘девојката со крилја’. Името девојката со крилја го користат затоа што можам да полетам каде и да посакам. Затоа што наместо раце имам крилја, јас тоа така го гледам“, вели таа за себе.
Тогаш зборувајќи за својата девојка, Марко ја опиша со следните зборови:
„Таа е прекрасна! Се што на човек му треба и што може да очекува – ете таква е таа“, беше краток и јасен тој.
Дејана е родена без раце, скока со нозете, а за неколку месеци ќе се оствари и во улога на мајка.
Таа деновиве сподели и неколку фотографии со кои откри како изгледа нејзиниот стомак и ги воодушеви сите.
„Веќе сме големи, имаме 300 грама“ напиша таа на фотографијата на која што е заедно со својот сакан.
Следуваа бројни лајкови и честитки од страна на нејзините следбеници кои им посакаа среќа во животот.
Инаку, Дејана има остварено голем број спортски успеси, а меѓу нив најзначаен е тоа што во 2019 година го освои првото место во паратаеквондо, а минатата година успеа да ја одбрани титулата во Истанбул.
На прашањето дали постои нешто што не може да го направи, а што би сакала, таа во шега вели:
„Она што не можам, а би сакала е да ги закопчам фармерките, но не знам дали е возможно“, вели Дејана и додава дека не и е премногу жал заради тоа и дека во тоа и помага нејзиниот партнер Марко.
Јас научив се да правам со нозете, така што за мене небото е граница. Не сум за џабе ‘девојката со крилја’“, вели таа.
„Бог ми ги одзема рацете, но ми даде голем талент за сликарство и како малечка почнав да се занимавам со сликарство, почнав да цртам и тоа некако ме исполнуваше во животот и ме водеше, покрај волјата и борбата да се докажувам пред другите дека можам.
Таа има завршено Академија, има дипломирано сликарство.
Покрај сликањето и таеквондото, таа сака и да патува, плива, игра фудбал, а нејзино мото е „Верувај во себе и ќе леташ високо“.
На 14 години се запишала во уметничкото средно училиште во Нови Сад, а потоа студирала и на Академијата за уметност.
„Така сакал Бог. Можеби не ми дал раце, но ми дал многу други таленти. Никогаш не ме спречувало тоа што сум родена без раце. Со помош на мајка ми Сандра, која ми е најголемата поддршка, можам да направам што било. Единствено не можам да си ги закопчам фармерките“, сподели Дејана во едно интервју.
Дејана има и Инстаграм профил со над 60.000 следбеници, каде што споделува фотографии од нејзиното секојдневие. Таа одново и одново докажува дека навистина е „девојка со крилја“ и дефинитивно сите можеме да научиме нешто од неа за тоа како се живее животот со полн здив.
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко