Близначките со ангелски глас што цела Македонија ги обожаваше – еве како изгледаат и што прават денес
Како изгледаа некогаш и сега едни од најпопуларните сестри на естрадата.
Маријана и Росана беа дуо кое остави силен белег на македонската музичка сцена во осумдесеттите години.
На естрадата се појавија во 1982 година со песната „Ти си моја вечна тема“, а потоа се редеа хит до хит.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Скоро не постои некој што не ги знае нивните песни како„Признавам“, „Едно срце имам“, „Љубов“…
Маријана и Росана Сариќ се сестри близнчки, родени во Куманово.
ж
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Нивната мајка е некогашната Мис Куманово, Гордана Стојановска, која во то време пленела со својата убавина.
Нејзината убавина ја наследиле и нејините две ќери близначки, кое освен тоа и одлично пееле.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Никогаш претходно дотогаш во Македонија немало сетри близначки кои воедно одлично и пеат.
Маријана и Росана биле вистинско освежување на македонската музичка сцена и веднаш почнале да учествуваат на фестивали и да освојуваат награди.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Како дуо настапуваа сѐ додека Маријана не одлучи заедно со своите деца да се пресели во Австралија.
Денес и двете повеќе не се занимаваат со музика професионално, но умеат да запеат за своја душа.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
Маријана на Фејсбук сподели нивна стара фотографија, напрвена во 1983 година за насловната страница на тогашното списание „Котелец“.
Во опис на фотографијата таа напиша: „Пред 41 година / значи завчера некаде во Охрид. Сукничињата ни се погодија“, се пошегува таа.